ПЛАСТИЧНИ ПОНТОНИ ЗА МАРИНИ И СПЛАВОВИ

 

Пластичните понтони за марини и сплавови што ги произведуваме од PEHD се стабилни и сигурни објекти на вода. Понтонот за сплав претставува пловечка структура која се користи обично како основа за изградба на сплавови или пловечки платформи.

Овие понтони се всушност големи, затворени, обично цилиндрични конструкции кои овозможуваат пловидба, односно плутање по вода.

Контактирајте не

Во современите решенија, понтоните често се прават од издржлив полиетилен со висока густина (HDPE), кој се одликува со висока издржливост и долготрајност, отпорен е на корозија и лесен за одржување. Се користат за различни цели, вклучувајќи градење на докови, мостови, пловечки базени, како и за рекреативни сплавови на реки, езера и мориња.

Понтоните за сплавови може да бидат модуларни, што значи дека може да се поврзуваат во поголеми единици за изградба на поголеми пловечки конструкции. Оваа модуларност овозможува лесно прилагодување на големината и обликот на сплавот на специфичните потреби на корисникот.

Основни карактеристики на нашите понтони се:

  • лесни се за транспорт,
  • лесно се поставуваат и инсталираат,
  • може да носат товари со голем опсег на носивост,
  • максимална пловна безбедност,
  • отпорни се на удари и истрошување,
  • векот на траење е подолг од 50 години
  • минимални трошоци за одржување,
  • производ кој не загадува животната средина.

Чабар пласт понтоните може да се користат без страв од влијание на околината бидејќи ги задоволуваат сите еколошки услови. Трајни се, неуништиви и непотопливи бидејќи се деле на комори кои по потреба може да бидат и исполнети со стиропор. Нивната примена е многустрасна и се користат за различни цели.

ПЛУТАЧКИ ПЛАСТИЧНИ ПОНТОНИ СЕ КОРИСТАТ ЗА:

  • врзување пловни објекти
  • движење на лица
  • како сплавови за превоз на патници и товар на помали водни површини
  • платформи на вода за капење и сончање
  • основа за сплав за куќи на вода
  • скеле за премин на реки
  • за рибници како понтони и кафези за одгледување риба
  • како Катамарани
  • како Тримарани
  • како бариера за собирање и усочување пловечки и подводни отпадоци

Пластичните понтони се наменети за врзување пловни објекти во марини, пристаништа, луки, на реки и езера. Исто така може да се користат и во мориња бидејќи солената вода не може да ги оштети.

Се користат за полесен пристап и влез или излез на капачи на море, како платформи и издвоени објекти на површините на морињата или езерата. На горната страна може да се поставуваат различни материјали во однос на вашите потреби и намената во која се користат понтоните. Може да се поврзуваат меѓусебно во целини за сплавови кои може да служат како тераси на ресторани на вода, кафулиња, барови, ноќни клубови …

Понтоните се користат за рибници и на стоечки и течни води, пластичните понтони ќе носат и одржуваат на површината метални кафези во кои може да се одгледува риба.

Чабар пласт е признат производител на пластични понтони од страна на Српскиот Регистар на Бродови и Управата за Утврдување Способности на Бродови за Пловидба.

Пластичните понтони, без разлика за која намена ги користите, се идеални како долготрајни, квалитетни, непотопливи и поевтини од сите други видови со слична намена.

Чабар пласт понтоните од PEHD се изработуваат во стандардни пречници и тоа:
Ø 500 mm | Ø 600 mm | Ø 800 mm | Ø 1000 mm | Ø 1200 mm | Ø 1300 mm | Ø 1600 mm

Како да се пресмета носивоста на понтон, катамаран, сплав или било кој пловечки објект чија основа е понтон?

Чабар пласт понтоните со внатрешен пречник од 60 см имаат носивост од 140 кг по должен метар, што значи дека на пример понтон од 6 м должина има носивост од 6×140=840 кг

Чабар пласт понтон со внатрешен пречник од 80 см има носивост од 230 кг по должен метар, што значи дека понтон од 6 м должина има носивост од 6×230=1380 кг

Чабар пласт понтоните се проектирани така што при максимално оптоварување на сплавот, катамаранот или било кој друг пловечки објект, понтонот да биде до половина потопен во вода. Затоа е неопходно да знаете колку ќе биде масата на сплавот, катамаранот или другиот пловечки објект кога е максимално оптоварен, односно треба да се соберат масите на челичната конструкција, дрвената градба, куќичката, останатиот товар и максималниот број луѓе кои ќе се најдат во еден момент на сплавот.

Чабар пласт понтоните се лесни за транспорт, лесно се поставуваат и инсталираат, можат да носат товари со голема носивост.

Димензии на пластичните понтони кои се основа на катамарани и нивната носивост

Дијаметар Ø (mm)

Капацитет

Ø 500 mm 98 kg / m
Ø 600 mm 140 kg / m
Ø 800 mm 250 kg / m
Ø 1000 mm 390 kg / m
Ø 1200 mm 565 kg / m
Ø 1300 mm 660 kg / m
Ø 1600 mm 1000 kg / m

Понтоните Чабар Пласт се изработени од PEHD, точно од полипропилен и полиетилен високог квалитета кој овозможува изработка на понтони и во други бои освен во црна, но најчесто купувачите нарачуваат понтони во црна и бела боја.

Секој понтон се изработува според барањата на купувачот. При изработка на понтоните можеме веднаш да направиме и основа за сплав, катамаран, марина или док, рибник сè во договор со купувачот. Продажбата на понтоните е по ваше барање затоа е посакувано претходно да се јавите и договорите изработка на понтоните по вашите димензии.