ЗОШТО ПЛАСТИКАТА СÈ ПОЧЕСТО Е ИЗБОР ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ЧАМЦИ?
Во однос на традиционалните материјали од кои се прават пловила – фиберглас, алуминиум, гума и дрво, пластиката има низа предности, и во самиот процес на производство на чамецот, така и во користењето и секојдневната употреба на пластичните чамци.
Густината на полиетиленот е помала од густината на традиционалните материјали за изработка на чамци и помала е од водата што го прави изузетно добар материјал за правење пловни објекти различни по вид (чамци, понтони, пловци и буриња за сплав, стационарни платформи итн).
Полиетиленот, материјалот од кој се прават чамците е вид на пластика со изузетна густина. Во споредба со класичната PET амбалажа, полиетиленот има посилна структура и погусти испреплетени влакна што го прави изузетно отпорен и силен. Пластичните чамци му даваат висока отпорност на механички оштетувања – истрошување, гребење и ломење.
Во пракса тоа значи дека пластичниот чамец од полиетилен, ако удри во камен или се насука на песок нема да се оштети како што е случајот со чамците од гума. Ако пак дојде до оштетување, процесот на поправка е брз и лесен. Бидејќи е лесен материјал, олеснува транспортот и управувањето со чамецот.