Како да се пресмета носивоста на катамаран, сплав или кој било пловечки објект?
Прво мораме да знаеме носивоста на понтонот. Чабар пласт понтоните со внатрешен пречник од 60 см имаат носивост од 140 кг по должен метар, што значи дека на пример понтон од 6 м должина има носивост од 6×140=840 кг
Понтон со внатрешен пречник од 80 см има носивост од 230 кг по должен метар, што значи дека понтон од 6 м должина има носивост од 6×230=1380 кг
Чабар пласт понтоните се проектирани така што при максимално оптоварување на катамаранот или кој било друг пловечки објект, понтонот да биде до половина потопен во вода. Затоа е неопходно да знаете колку ќе биде масата на сплавот, катамаранот или другиот пловечки објект кога е максимално оптоварен, односно треба да се соберат масите на челичната конструкција, дрвената градба, куќичката, останатиот товар и максималниот број луѓе кои ќе се најдат во еден момент на сплавот.
Чабар пласт понтоните се лесни за транспорт, лесно се поставуваат и инсталираат, можат да носат товари со голема носивост.
Катамаран кој се состои од три наместо два трупа се вика тримаран, тој се состои од еден централен труп и два надворешни трупа.
Нашата фирма со повеќегодишно искуство следејќи ги промените на пазарот и барањата на нашите потрошувачи произведува по најповолни цени најсовремени катамарани, тримарани, сплавови, понтони сè во цел да ги задоволи потребите на нашите клиенти.