Пластични каци за комина
Еден од производите што во последните години стана незаменлив во домаќинството, индустријата или земјоделството се пластичните каци. Се произведуваат во различни запремини, со или без капак што може да се отстранува. Пластичните каци се вертикални отворени пластични резервоари. Материјалот од кој се прават е отпорен на сончево зрачење, а постојан е и на ниски и високи температури од минус 30 степени Целзиусови до над 60 степени.
Ако додадеме и следниве особини како што се дека не примаат мириси и вкусови на супстанциите што се чуваат во нив, што значи дека истите и не ги одаваат, го прави овој производ како поливалентен за примена при складирањето на вода, како каци за вода без разлика дали станува збор за пиење или техничка вода.